Египетската полиција соопшти дека спречила двоен самоубиствен терористички напади со автомобил-бомби пред полициска станица во северниот дел на Синајскиот Полуостров, објави денеска израелскиот весник „Хаарец“.
Според весникот, екстремистите се обиделе со двата автомобили натоварени со експлозив да дојдат до полициската станица, но биле спречени од полицјаците што ја обезбедувала зградата, кои отвориле оган врз нив.
За време на престрелката двете автомобил-бомби експлодирале, при што се ранети шест лица, меѓу кои и двајца полицајци, и се нанесени штети на неколку околни куќи и се искршени прозорците на полициската станица.