Египетската полиција штрајкува

Од:

Полицајци во повеќе од една третина од провинциите од Египет штрајкуваат, вклучувајќи и во делови од Каиро и Порт Сед, проблематичниот северен град каде повеќе од 50 луѓе починаа минатиот месец во судири меѓу полицијата и демонстранти.

Полицијата исто така одби да го заштитува домот на претседателот Мохамед Морси во Шаркија. Помеѓу жалбите на полицајците, е потребата од подобро оружје известува „Гардијан“. Покрај тоа, тие велат дека режимот на Морси ги користи како пиони во задушувањето на демонстрантите кои бараат пад на режимот.

„Се обидуваат да ја икванизираат полицијата и ние сме против тоа“ вели Ахаб Камел, портпаролот на неформалниот сојуз на млади полицајци, кој беше на штрајк во Порт Сед. Икван е арапски збор за муслиманското братство на Морси.

„Ние сме на иста дистанца од сите политички партии“ додаде Камел, кој бил облечен во цивилна облека, поради страв да не биде виден во униформа од локалните граѓани кои се борат против неодамнешните обвинувања за полициска бруталност.

Во Египет се ширеше кампања против полицијата, каде полицијаците се обвинети за мачење и убиства. Меѓутоа полицијата ти отфрла тие обвинувања. Тие дури велат дека полицијата е под екстремни психолошки притисоци.

„Кога луѓето велат дека користиме сила против демонстрантите, мора да одите од другата страна и да ја видите ситуацијата кога илјадници ве напаѓаат“, вели Камел, кој тврди дека полицијата била реформирана по востанието од 2011-та година.
Но, активисти за човекови права велат дека насилството продолжува.

„Дефинитивно има повеќе активисти за мачење, бидејќи има повеќе активизам“, вели Аида Сеиф ел-Давла, една од основачите на Египетската Асоцијација против насилство.
Активисите не чувстуваат дека Морси има контрола врз полицијата, како што велат полицајците.

„Тие имаат избор: да останат под моќта поддржана од граѓаните, или да останат под моќта поддржана од институции“ вели Сеиф ел-Давла.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина