Египетската полиција побара од приврзаниците на Морси да ги прекинат протестите

Од:

Египетското Министерство за внатрешни работи побара денеска од приврзаниците на сменетиот претседател Мохамед Морси да се разотидат од улиците во Каиро, ветувајќи им „безбедно заминување“. 


Министерството во соопштението ги повика демонстрантите на плоштадите Раба ал Адавија и Нахда „да дозволат да преовлада разумот и националниот интерес и брзо да си заминат“. Ветено им е безбедно заминување и целосна заштита за секој што ќе одговори на повикот.


Египетската Влада вчера го задолжи Министерството за внатрешни работи да направи се што е потребно во рамките на законот за да ги прекине протестите.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро