Египетската опозиција смета дека е премногу доцна за преговори за национално помирување

Од:

Најголемата опозициска коалиција во Египет ги отфрли денеска повиците на претседателот Мохамед Морси за преговори за национално помирување.

Портпарол на главната опозициска коалиција Фронт за национален спас изјави дека е веќе многу доцна, додавајќи дека на крајот на овој месец е планирано одржување на масовни протести со барање за оставка на Морси и предвремени претседателски избори.

Морси вчера упати повик Египќаните да се обединат зад заедничка позиција, нагласувајќи дека е подготвен да се сретне со секој кој сака да им служи на националните интереси.

– Ги повикувам сите да ги заборават немирите, сега е време за вистинско обединување. Нема да се откажам од повик за целосно национално помирување, истакна Морси.

Шефот на египетската држава вчера одржа говор во врска со плановите на Етиопија да изгради вештачко езеро на реката Син Нил. Според Каиро, овој проект би го отежнал протекувањето на Нил низ Египет и би создал значителен недостиг на вода во земјата. Критичарите го обвинуваат Морси дека го користи прашањето за вештачкото езеро за да ги зајакне националистичките чувства и да ги поткопа напорите на опозицијата за негово соборување од власт.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски