Египетската армија ја опколи зградата на државната телевизија во Каиро

Од:

Египетската армија ја опколи денеска зградата на државната телевизија во Каиро со оклопни транспортери, а во зградата останаа само вработени кои се неопходни за емитување програма во живо.

Армијата ќе објави соопштение денеска по истекот на ултиматумот што муго даде на претседателот Мохамед Морси да ги исполни барањата на демонстрантите кои бараат негова оставка, тврди извор од армијата.

Армијата му даде рок денеска до 17 часот полокално време. Египетското МВР во меѓувреме соопшти дека одллучно ќе одговори на какво било насилство.

Полицијата соопшти дека ќе ги заштити граѓаните и ќе преземе мерки да спречи понатамошни крвопролевања во судирите на приврзаници и противници на Морси во кои од 26 јуни досега загинаа 47 луѓе.

Политичкото крило на владејачката Муслимански браќа одби да разговара со командантот на армијата.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина