Египетската војска на полуостровот Синај е во „состојба на зголемена готовност“, изјави денеска портпаролот на војската, негирајќи го пишувањето на весникот „Ал Ахрам“ според кој е воведена вонредна состојба во Јужен Синај и Суец.
На Интернет страницата на „Ал Ахрам“ пишуваше дека „состојбата на зголемена готовност“ е подигната на највисоко ниво во споменатите две провинции по нападите на исламистите на аеродромот во синајскиот град Ал Ариш.
– Веќе бевме во состојба на готовност во овој стратешки важен регион, рече воениот извор.
– Соопштението има цел само да ги увери нашите војници и граѓани дека војската е на Синај во состојба на готовност. Кога станува збор за Суец, тамусекогаш сме во состојба на готовност, истакна Ал Ариш.
Исламските екстремисти нападнаа четворица војници и полициски контролен пункт на северот на Синај – два воени пункта, полициска станица и аеродромот Ел Ариш, каде се сместени египетски воени авиони.