Египет: Војската е подготвена да реагира

Од:

Египетската армија е подготвена да прати војници на улиците во Каиро и другите градови, доколку биде неопходно, за да се спречат судирите.

Претседателот на Египет, Мохамед Морси го отфрли ултиматумот на војската која од него побара со своите опоненти да постигне договор за завршување на кризата во државата.

Војската вчера постави ултиматум од 48 часа, барајќи да се постигне решение за политичката криза, која предизвика милиони лица да излезат на улиците и со тоа да ја исполнат волјата на народот.

Белата куќа денес соопшти дека Обама искажа загриженост поради масовните протести против режимот на Морси и побара да им одговори на демонстрантите за поставените прашања.

Во судирите на симпатизерите и противниците на претседателот Морси во неколку египетски градови, загинаа 16 лица, а повеќе од 600 се повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина