Египетските власти денеска соопштија дека во текот на месец мај заплениле најмалку 64 милиони кутии со цигари, од кои над два милиони биле фалсификувани.
Царинската служба во Саиду заплени околу 56 кутии со цигари пред да бидат внесени во земјата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во истото пристаниште запленети се и 5,9 милиони кутии, кои пристигнале со брод од Обединети Арапски Емирати и Украина. Во пристаништето Еин Сохна на Црвено Море, пред да влезат во Египет, запленети се 1,1 милиони кутии фалсификувани цигари и уште милион во Суецкиот канал.
Светската здравствена организација (СЗО) смета дека контролата на продажба на цигари е голем проблем во Египет, каде 25 проценти од возрасните конзумираат производи од тутун, а 50 отсто од граѓаните се пасивни пушачи изложени на чад од цигари во своите домови.