Египет сугерира „воздржаност од САД“ при гушењето на протестите во Фергусон

Од:

Египетското Министерство за надворешни работи побара од САД „воздржаност во операциите против демонстрантите“ во градот Фергусон, во сојузната држава Мисури.

Во соопштението,официјален Каиро вели дека Египет „внимателно ја следи ескалацијата на протестите“ по фаталниот инцидент од 9 август, кога полицаец белец,застрела еден млад и невооружен црнец.

Десет денови во овој град во кој 90 отсто од населението се афроамериканци,траат насилнички протести и интервенција на полициските сили,па врз претседателот Барак Обама се врши силен притисок за да се стави крај на уличното насилство,во кое веќе има уште една жртва.

Гуверенерот на Мисури, Џеј Никсон ја мобилизираше Националната гарда,за да се воспостави ред и мир на улиците,истрагата за инцидентит со убиениот 18-годишен црнец Мајкл Браун му е доверена на ФБИ, а во Фергусон има и полициски час, но тоа досега не помогна за да се запрат протестите.

Полицијата користи солзавец и гумени куршуми,додека насилничките демонстранти фрлаат камења,молотиви коктели и стаклени шишиња против силите на редот.

Во Каиро се верува дека соопштението на министерството за финансии е „одговор“ на египетската влада на острите критики од САД и на коментарите на претседателот Обама,против интервенцијата на египетските безбедносни сили,за време на насилничките и крвави антивладини протести,во главниот град на Египет,во 2013 година.

Вака интонираното соопштение,сепак,се толкува како изненадување,затоа што Египет секоја година,како помош од САД прима 1,5 милијарда долари.

Ваква реакција со критики кон американските власти, нема само од Египет,туку и од Русија,како и од Кина.

Во коментарот на кинеската државна агенција Хсинхуа се посочува дека САД „сакаат да ја играат улогата на бранител на човековите права, но дека судирањата меѓу полицијата и демонстрантите во Фергусон покажуваат оти има простор човековите права да се унапредат и во САД“.

Иранското Министерство за надворешни работи порачува дека „бунтот во Мисури,е знак за постоењето на расизам на Западот“,додека генралниот секретар на ОН, Бан Ки Мун ги повика полициските сили во Мисури да се придржуваат кон американските и меѓународните стандарди.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа