Египет, од денеска, го затвора контролниот премин Рафах на границата со Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.
Соопштението беше дадено по прогласувањето на тримесечната вонредна состојба на Синајскиот Полуостров. Периметарот, во кој ќе важи вонредната ситуација, го вклучува и контролниот премин Рафах.
Одлуката за прогласување на вонредната ситуација беше донесена по самоубиствениот терористички напад на Синајскиот Полуостров, во кој загинаа 33 егпетски војници.