Египет: Почина дете откако беше претепано од наставникот

Од:

Едно 12-годишно момче од Каиро почина денеска, откако вчера наставникот сурово го претепал, соопшти египетското Министерство за образование.

Насилсниот натсавник е суспендиран, а ова Министерство иницирало „итна истрага3 за да се утврдат околностите за случајот.

Инаку, физичкото казнување е вообичаено во египетските училишта.

Шефот на форензичкото одделение на каирската полиција соопшти дека момчето имало повреди на главата и крварење во мозокот.

Зачестеноста на злоставување деца во Египет во последно време доби алармантни размери. Меѓу јануари и октомври 2014 година нападите на децата во однос на тригодишниот просек се зголемија за 55 отсто, соопшти Националниот совет за детство и мајчинство.

Во вкупното насилство кон децата, случаите во училиштата имаат дел од 50 отсто.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро