Египет одбележува 40 години од војната со Израел

Од:

Египет денеска одбележува 40 години од последната војна со Израел, стравувајќи дека некои групи би можеле овој ден да го искристат за одржување насилнички протести.

На небото египетски авиони спроведуваат маневарски летови над Каиро, додека безбедносните сили и возилата за растерување демонстранти се распоредени во поголемиот дел на главниот град.

Улиците на Каиро главно се пусти, и покрај тоа што се одбележува државниот празник во знак на сеќавање на „октомвриската војна“ – Јом Кипур војната со Израел, која се смета за голема победа на египетската војска.

Египетското Министерство за внатрешни работи предупреди дека „одлучно ќе се спротивстави на секој насилнички протест и обид да се уништи прославата на 6 октомври во Египет“.

Како „црна точка“ за евентуални судири денеска е означен плоштадот „Тахрир“, каде пред две години започна бунтот против власта на долгогодишниот египетски претседател Хосни Мубарак.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро