Египетските власти соопштија дека во текот на судирот помеѓу приврзаниците и противниците на отповиканиот египетски претседател Мохамед Морси, во градот Суецу, загинал еден средношколец.
Припадниците на спротивставените страни пукале едни на други и фрлале Молотови коктели, по што приврзаници на Морсиевите Муслимански браќа излегле на улиците низ градот, извикувајќи пароли против војската.
Седумнаесетгодишниот Абдулах Мохамед Атиа, кој што бил приврзаник на движењето Муслимански браќа, во текот на судирот бил повреден од огнено оружје, по што им подлегнал на повредите, пренесуваат медиумите.
„Ројтерс“ потсетува дека приврзаниците на Морси најавија протести за недела на плоштадот Тахрир во Каиро.
Елена Георгиевска