Официјални лица од Вашингтон, соопштија дека САД го суспендира најголемиот дел помош за Египет, која што на годишно ниво изнесува 1,5 милијарди долари.
Египет ќе остане без воената помош во тенкови, борбени авиони, хеликоптери и ракети како и без паричната помош од 260 милиони долари, за поддршка на владата, бидејќи Вашингтон од египетските воени власти очекува напредок во развој на демократијата и човековите права, пренесе „Ројтерс“.
Стејт департментот нема да ја укине помошта туку ќе продолжи да ја поддржува борбата против тероризмот и зачувување на безбедноста на Синајскиот полуостров.
Портпаролот на Стејт департментот, Џен Псаки наведе дека САД ќе ја прекине испораката на одредени воени системи, како и паричната помош до „кредибилниот напредок“ на владата во создавање на основа за слободни и фер избори, пренесе „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска