Официјални лица од Египет најавија дека ќе им помогнат на своите граѓани кои се киднапирани од ИСИС и се наоѓаат во Либија. Властите во Египет изразија загриженост откако Исламска држава на интернет објави слики од киднапирани мажи.
Станува збор за Египќани со христијанска вероисповест (Копти) кои што беа киднапирани во две одвоени рации во декември и јануари.
Инаку на фотографиите се гледаат околу 20 мажи како маршираат со лисици на рацете, додека покрај нив оди маскиран џихадист.
Во Каиро веќе неколку дена траат протести на кои учествуваат семејствата на заложниците, бидејќи сметаат дека претседателот Абдула Фатах не презема ништо за да ги ослободи.
Инаку минстерот за надворешни работи на Египет го предупреди својот народ да не оди во Либија и да ги избегнува ризичните територии.
Официјалните лица од Египет предупредуваат на високи мерки на претпазливост, бидејќи илјадници Египќани работат во Либија.
Е. Г.