Египет ја отвори границата со Газа за повредени Палестинци

Од:

Египет го отвори денеска контролниот пункт на границата со Појасот Газа кај Рафах за Палестинци, ранети при израелските воздушни напади во крајбрежната енклава, соопшти граничното обезбедување.

Болниците во северниот дел на Синајскиот полуостров, кој граничи со Израел и Газа, се подготвени да примат настрадани.

Најмалку 70 Палестинци беа убиени од почетокот на израелската военовоздушна операција во енклавата во вторник, од кои 21 изминатата ноќ. Големиот дел од жртвите се цивили.

Граничниот пункт „Рафах“ е единствениот пристап до Појасот Газа, кој е под контрола на Израел. По соборувањето од власт од армијата пред една година на Мохамед Морси, Египет редовно го затвора пунктот и го отвора само повремено, најмогу за да пропушти хуманитарни конвои.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро