Египет го зголеми нивото на готовност на Синајскиот Полуостров

Од:

Египетското Министерство за внатрешни работи и нареди на полицијата на Синајскиот Полуостров да го зголеми нивото на готовност, по добиените разузнавачки информации дека џихадисти може да извршат напади врз полициски згради во регионот.

Во август минатата година исмалистичките борци убија најмалку 15 египетски полицајци во напад врз полициска станица на границата меѓу Египет и Израел.

Глисери на крајбрежната стража патролираат по Суецскиот Канал, откако жителите на Порт Саид се обидоа да го блокираат. Армијата соопшти дека ситуацијата во оваа стратешка водена артерија на земјата е мирна и оти бродовите без проблеми се движат низ каналот.

Претходно незадоволни навивачи запалија зграда на фудбалската федерација и полициски клуб, а околу 2.000 демонстранти блокираа минување траекти на Суецкиот Канал, откако денеска египетски суд потврди смртни пресуди за 21 човек заради учество во немири лани на фудбалски натпревар кога животот го загубија 74 луѓе во Порт Саид.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет