Египетските власти го ослободија денеска австралискиот новинар на Ал Џезира Питер Гресте, откако мина 400 дена во затвор под обвинение за тероризам и осуден на седум години затвор.
Гресте го напушти Египет и со авион полета кон катар, од каде ќе замине во татковината.
Ал Џезира го поздрави ослободувањето на Гресте и побара итно да бидат ослободени и другите двајца новинари осудени по истото обвинение, Мохамед Фахми и Мохамед Бахер.