Административен суд во Каиро донесе денеска пресуда со која се забрануваат сите активности на Муслиманското братство.
Одлуката на судот доаѓа по барањето на Братството да се регистрира како невладина организација,статус што оваа исламистичка организација ја имаше од март оваа година.
Воените власти во Египет покренаа силна кампања за целосна елиминација на Муслиманскто братство од египетскиот јавен живот,веднаш по тргањето од власт на првиот исламистички претседател Мохамед Морси кои беше симнат од функцијата на 3 јули.
Десетици активисти и високи функционери на Братството од тогаш се уапсени,меѓу кои и претседателот на организацијата Мохамед Барие.
Сите уапсени приладници и функционери на Муслиманското братство се обвинуваат за потикнување насилство и за убиства.
Приврзаниците на Морси,најголемиот дел припадници на Муслиманското братство продолжуваат да бараат ослободување на поранешниот претседател и негово враќање на функцијата,но во уличните судирања со секуларистите ибезбедносните сили,голем број исламисти загинаа. Египетските сили за безбедност своите операции против екстремизмот во земјата го објааснуваат како борба со тероризмот.