Египетскиот Административен суд денеска издаде наредба за одложување на претстојните парламентарни избори, откако Уставниот суд за противуставен го прогласи законот според кој гласањето требаше да се организира на 22 март, пренесоа светските агенции.
Не е јасно за колку време изборите се одлагаат.
Изборите се крајниот чекор од мапата за излез од кризата во Египет , што беше донесена во јули 2013 година.
Египет е без Парламент од јуни 2012 година.