Две вооружени лица на мотоцикл денеска убија еден полицаец, а друг потешко е повреден пред канцелариите на две странски банки во Гиза.
Напаѓачите успеале да побегнат, а ниту една екстремистичка група засега не презема одговорност за напад.
Слични напади врз полицијата и армијата често врши екстремистичката група „Ансар Беит ел Макдис“ од Синај.
Полицијата во Каиро во четвртокот уби двајца осомничени припадници на „Ансар Беит ел Макдис“ во обид за напад во кој се повредени тројца полицајци и двајца цивили.