Египет: Доживотен затвор за сите кои имаат врска со тунелите кон Газа

Од:

Египетскиот претседал, Абдел Фатах ел Сиси донесе закон за заострување на забраната за копање тајни тунели под границите, а кој предвидува доживотни затворски казни за сите кои ги копаат тунелите, нивните соучесници, за оние кои го знаат тоа и за сите кои ќе поминат преку нив.

Според наводите на медиумите законот е објавен во египетскиот Службен весник, а во текстот се наведува дека со доживотни затворски казни и одземањена имоти, ќе се соочат сите кои имаат информација за подготовки за копање на нов тунел, доколку за тоа не ги информираат надлежните органи.

Инаку според последните уставни реформи египетскиот претседател има овластување самостојно да донесува нови закони, кои ќе стапуваат на сила по објавување во Службен весник.

Професорот по право на Универзитетот во Каиро, Махмуд Кебис за „Асошиејтед прес“ рече дека новиот закон за забрана за копање на тајни тунели е во склад со трендовите кои се случуваат во Египет и дека до сега немало никакви законски санкции за оние кои копаат такви тунели на границата помеѓу Египет и Газа.

Инаку тајните тунели под границата се појавија по 2007 година, кога власта во Газа ја презеде Хамас, а Израел воспостави ембарго, што доведе до затворање на граничниот премин Рефах. Тунелите се употребувани за дотур на широк асортиман на роба, од градежен материјал и гориво до продукти за исхрана и лекови за потребите на Палестинците во тој појас.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина