Египет денеска и утре избира нов претседател, на кои главен фаворите е генерал Абдел Фатах ал Сиси.
Победник се очекува да биде поранешниот министер за одбрана фелдмаршал Абдел Фатах ал Сиси, кој имаше голема улога во соборувањето на исламистот Мохамед Морси од претседателската функција пред 11 месеци.
Мнозинството жители на Египет Ал Сиси го сметаат за човек со цврста рака, што може да ја врати стабилноста во земјата по три години хаос и економска криза, со кои се соочи земјата по соборувањето на Хосни Мубарак во 2011 година.
Негов ривал за претседателската функција е Хамдин Сабахи, кандидат на левицата.
Влијателниот египетски проповедник Јусеф ал Карадауи, кој се смета за сивиот кардинал на Муслиманските браќа, повика за бојкот на изборите.
По претседателските избори ќе следат парламентарни избори на 3 јули.