Најмалку четворица осомничени исламисти загинаа при експлозија во илегална работилница за бомби во египетската провинција Фајом, јужно од Каиро.
Две од жртвите во експлозијата се препознати како членови на забранетото исламистичко движење „Муслиманско братство“.
Илегалната работилница била сместена во живинарска фарма, во сопственост на член на „Муслиманско братство“.
Полицијата открила уште 39 бомби и материјали за експлозиви.
Исламистичкото движење ги обвини властите дека полицијата фрлила бомба врз објекти во сопственост на негови приврзаници.