Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, за време на посетата на САД, каде разговарараше со претставници на американската администрација и американскиот Конгрес, ја потврди силната трансатлантска врска меѓу Европејците и народот во САД, што е клучно за безбедноста и просперитетот на трансатлантската област и пошироко, соопшти денеска Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Борел, кој вчера се врати од првата посета на САД од стапувањето на функцијата, „ги претстави надворешно политичките приоритети и ја нагласи желбата за потесна соработка со САД во унапредување на заедничките интереси и јакнење на меѓународниот поредок, заснован на прописи“, се посочува во соопштението.
Во разговорот со американскиот државен секретар Мајк Помпео, Борел го истакна ставот на ЕУ за најновите меѓународни случувања.
Борел и Помпео разговараа, меѓу другото, и за „шансите за продолжување на партнерството ЕУ-САД на Западен Балкан, со поддршка за напредокот на регионот на нејзиниот европски и трансатлантски пат“, се вели во соопштението.