Едвард Сноуден вети нови откритија за следењето на интернетот од американските власти

Од:

Едвард Сноуден, чии откритија предизвикаа бурни реакции во целиот свет, ќе објави нови детали за следењето на интернетот од страна на американските власти, соопшти хонконгскиот весник „Саут Чајна морнинг пост“, за кој тој даде ексклузивно интервју.

„Не сум ниту предавник, ниту херој. Американец сум, изјави разузнавачот“, цитиран на сајтот на весникот.

Поранешниот службеник на ЦИА се крие на тајни места во Хонг Конг, откако избега од Хаваи и прозборе за строго тајните прислушкувања на телефонската и интернет комуникацијата од САД.

Во своето интервју за „Саут Чајна морнинг пост“ Сноуден ветува дека ќе открие дополнителни детали за објекти на следење од САД, своите планови за блиска иднина, чекорите кои, според него, ги презеле американските власти откако тој го направи отритието во Хонг Конг, и своите стравови за семејството.

„Намерата ми е да побарам од судот и народот во Хонг Конг да решат за мојата судбина. Немам причина да се сомневам во вашиот систем“, изјави Сноуден.

Се смета дека САД почнале кривична истрага, но се уште не е поднесена молба за екстрадирање.
Хонг Конг има екстрадициска спогодба со САД, иако, според аналитичарите, секакви обиди да се врати Сноуден во САД може да одземе месеци и тие да бидат блокирани од Пекинг, забележува весникот.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа