оројните дождови што во текот на викендот ја зафатија Јапонија, зад себе оставија едно загинато и две исчезнати лица, соопштија денеска јапонските власти, издавајќи сериозно предупредување за нова бура.
Властите ја потврдија смртта на една 79-годишна жена, која била пронајдена во својата куќа во префектурата Јамагучи, на југозападниот брег на Јапонија, што била затрупана од свлечиште.
Во истиот регион исчезнал и еден 84-годишен маж, откако бил повлечен од надојдената вода, се наведува во локалните извештаи на полицијата и спасувачите.
Како исчезнат се води и еден 24-годишен маж, кој последен пат бил виден како ја напушта својата куќа во префектурара Шимане, северно од Јамагучи.
Јапонската метеоролошка агенција предупредува на поплави и свлечишта заради „незабележените поројни врнежи“ и најави дека денеска бурата ќе мине преку централните делови на земјата.