Еден човек го загуби животот во викендов и 609 други се хоспитализирани поради силните горештини што ја зафатија државата, јавија јапонски медиуми.
Смртниот случај е регостриран во префектурата Ехиме на островот Шикоку. Во голем број градови во Јапонија температурите денеска беа измерени 37 степени Целзиусови и поради тоа, Владата побара од спасувачките служби да бидат во помобилна состојба.
Според локални медиуми, се очекуваат повисоки температури во следните денови.