Една од членките на „Пуси рајот“ побара условно ослободување

Од:

Надежда Толоконникова, една од членките на руската панк група „Пуси рајот“, побара да биде предвреме ослободена од затвор. Толоконникова е осудена на две години во работен логор. Таа веќе одлежа шест месеци во логорот и вкупно една година зад решетки, сметајќи од датумот на апсењето.

Панкерката од судот во Зубово-Полиански побара условно ослободување, но одбива да признае дека е виновна и да се покае. Според рускиот закон, секој кој отслужил половина од пресудата има право да побара условно ослободување.

Аргумент во корист на Толоконникова е тоа што таа има малечка ќерка.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи