Една година од смртта на Нелсон Мандела

Од:

Денеска се навршува една година од смртта на поранешниот претседател на Јужноафриканската Република и легендарен борец против апартхејдот, Нелсон Мандела.

Тој беше револуционерен лидер и државник со чии напори е ставен крај на репресивниот режим на апартхејдот во таа држава.

Како студент се приклучил на Африканскиот национален конгрес (АНЦ), организација која се борела за правата на црнечкото население во Јужна Африка, а бил и еден од главните организатори за ненасилна борба против апартхејдот.

Бидејќи немало ефект од политиката, тој зазел став дека единствено со вооружена борба може да се собори политиката на владеачкото бело малцинство.

Организаирал воено крило на АНЦ и започнал кампања со саботажа, но набргу тој и неговите другари биле уапсени и осудени на доживотен затвор.

Во затворот бил изолиран, но неговото долгогодишно заробеништво стана симбол на борбата против апартхејдот, а владата на Јужана Африка се најде под притисок на меѓународните заедници да го пушти на слобода.

Тој беше ослободен во 1990 година и со тогашниот јужноафрикански претседател Фредерик де Клерк започна преговори за поделба на власта со црнечкото мнозинство.

За тие напори Мандела и де Клерк во 1993 година добија Нобелова награда за мир.

АНЦ во 1994 година победи на изборите, а Мандела беше прогласен за прв црн претседател во Јужна Африка и на таа должност остана се до 1999 година.

Иако неговиот мандат беше одбележан со драмтичен пораст на стапката на криминал и ширење на епидемијата на ХИВ, многумина имаат пофални зборови за неговата политика на национално помирување и вредност на демикратските институции.

По заминување од власт тој се посвети на хуманитарна работа и стана една од најпопуларните и најпрепознатливи личности, симбол на современиот свет. Многумина го сметаа и за еден од ретките универзални морални авторитети на денешното време.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Мировниот самит на ОН ќе почне со откривање на споменик на Нелсон Мандела

Наум Локоски

Поранешната сопруга на Мандела тврди дека и е одземено наследство

Ана Ололовска

Денеска се одбележува првиот Меѓународен ден Нелсон Мандела

Ана Ололовска

ФОТО: Тврди дека е ќерка на Мандела

Ана Ололовска

Мандела оставил наследство од 4,1 милиони долари

Емир Латифовиќ

ФОТО: Случувањата по кои светот ќе ја помни 2013 година

Ана Ололовска