Најмалку 11 лица загинаа, а 15 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во кафуле во градот Хит, во западниот дел на Ирак.
Според Градската служба за безбедност, сите жртви во нападот се цивили.
Ирачките безбедносни сили се борат против припадниците на џихадистичката група Исламска држава во провинцијата Анбар, каде то се наоѓа градот Хит.