Најмалку 11 лица загинаа во експлозија на три автомобили бомби, кои избувнаа изутринава на пазари во ирачките шиитски провинции, Амара и Кадисија.
Тензиите меѓу верските заедници во Ирак, во последнот време бележат интензивирање и достигнаа кулмунација од пред една година, кога американските воени сили се повлекоа од земјата.
Ирачките сили за безбедност минатата недела растераа група демонстранти сунити. Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата загинаа над 20 лица.