ВИДЕО: Еден загинат во силен земјотрес во Тајван

Од:

Силен земјотрес, со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала, го погоди главниот град на Тајван, Тајпеј.

Едно лице загина и најмалку 19 се повредени, а има и оштетени згради, пренесоа американските медиуми.

Централното метеоролошко биро соопшти дека потресот е почувствуван на целиот остров. Зградите во престолнината Тајпеј се нишаа и движењето по одделни станици од брзата железница беше запрено, за да се изврши проверка за евентуални оштетувања.

Американскиот геофизички институт измери магнитуда од 6 степени и длабочина на потресот од 15 километри.

Според властите, 72-годишна жена е првата позната жртва на земјотресот. Таа починала, кога паднала карпа врз храмот, до кој стоела.

Во округот Нантоу, каде е епицентарот на потресот, вкупно 19 лица се повредни, од кои повеќето од паднати предмети. Паднат таван повредил вработен во административна зграда. Пожар, предизвикан од истекување на гас, брзо бил задушен. Неколку училишта претрпеле материјална штета, како што се пукнатини и паднати керамиди.

Нантоу е селски реон, на околу 250 километри јужно од Тајпеј, и се наоѓа во близина до епицентарот на потресот со магнитуда од 7,6 степени, што во 1999 година уби над 2.300 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба