Едно лице загина, а друго е повредено во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на Мерцедес Бенц во југозападна Германија. Локалната полиција на Твитер објави дека едно лице умрело, додека друго е тешко повредено. Оттаму додаваат дека „повеќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“.
Полицијата соопшти дека не се работи за дивеење, за неконтролиран излив на гнев во кој едно лице ги напаѓа сите околу него, туку за индивидуална употреба на оружје. Првите повици во полиција пристигнале нешто пред осум часот наутро.
Полицијата не била веднаш достапна за дополнителни коментари, пренесува Ројтерс. Едно лице е уапсено во врска со пукањето, а спасувачите се на лице место во фабриката 56 во градот Синделфинген, во покраината Баден-Виртемберг. Билд пишува дека во таа фабрика се склопува моделот S-класа.