Еден загинат, повеќе од 80 ранети во судири меѓу христијани и муслимани во Каиро

Од:

Едно лице загина, а повеќе од 80 се ранети во судири пред коптската православна црква во центарот на Каиро.

Насилството избувна по погребот на четворица христијани, убиени во судири со муслимани. Некои од учесниците во погребната церемонија извикуваа пароли против претседателот Мохамед Морси и неговата политичка формација Муслимански браќа.

Осумдесет и четири лица, меѓу кои 11 полицајци, се ранети во неколкучасовните судири околу црквата, кон која беа фрлани камења и молотови коктели. Полицијата употреби солзавец за да ја растера топката, но судирите продолжија до доцна синоќа.

Судири имаше и во близина на коптската црква Ел Хусус, северно од Каиро, каде беа ранети 12 лица.

Морси изјави дека телефонски разговарал со коптскиот патријарх Тавадрос Втори и додаде дека им издал наредба на властите да ја обезбедуваат црквата во Каиро и граѓаните во регионот.

Тој нагласи дека секој напад против храмот е напад против него и оти државата е должна за заштита како на муслиманите, така и на христијаните.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет