Еден загинат и двесте повредени во антивладин протест во Ирак

Од:

Едно лице загина, а 200 се повредени во судирите на антивладините демонстранти и безбедносните сили во главниот град на Ирак, Багдад, соопштија ирачките власти.

Билансот беше објавен во заедничката изјава на ирачките министерства за внатрешни работи и за здравство, по неколку часови протести што ги собраа демонстрантите на главниот плоштад Тахрир. Полицијата употреби боева муниција, гумени куршуми и солзавец за да ги растера.

Во соопштението се вели дека меѓу 200 повредени, 40 се припадници на безбедносните сили.

Повеќе од илјада Ирачани протестираа денеска во центарот на Багдад за да бараат работа и функционални јавни служби.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак