Едно лице загина, а најмалку 40 други се повредени денеска при силна експлозија во станбен комплекс во аргентинскиот град Росарио.
Акцијата на спасувачките екипи зa извлекување на блокираните луѓе на најгорните катови од зградата, над која се издигнува чад, се уште трае. Властите стравуваат дека зградата може да се урне.
Од експлозијата биле оштетени и соседните станбени објекти, а сите станари се евакуирани.
Според првичните информации, причина за инцидентот е експлозија на котел на гас.