Едно лице загина, а 35 други се повредени синоќа при директен судар на два воза во швајцарскиот град Гранж-пре-Маран во кантонот Во, соопшти локалната полиција.
Според полициски извори, загинатиот е машиновозачот на еден од возовите, чие безживотно тело е пронајдено во кабината на неговата локомотива.
Расчистувањето на пругата продолжува и денеска. Собраќајот на пругата меѓу градовите Палезијо и Пајерн, како што соопшти претставник на локалната противпожарна служба, ќе остане во прекин се до целосното отстранување на остатоците од двата воза.
Несреќата се случи синоќа во 19 часот кога два воза, кои се движеле во спротивни насоки, кон и од Лозана, се судриле дирекно еден во друг. Причините за несреќата се уште не се познати.