Голем пожар избувна во јужно предградие на Багдад, проследено со експлозии, при што загина едно лице и 29 повредени, повеќето од нив деца.
Пожарот избувнал во база на шиитските сили за самоодбрана во која имало ракети со краток дострел.
Експлозиите се слушнаа ширум главниот град на Ирак.
Поради пожарот активирани беа и неколку ракети што паднаа во неколку километри оддалечени населби. Притоа повредени се 14 лица, повеќето од нив деца, изјави локален здравствен службеник.