Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Од:

Еден од најозлогласените нарко босови во историјата на Мексико, Осиел Карденас, денеска беше ослободен од американски затвор и беше преземен од службеници за имиграција.

Поранешен водач на Заливскиот картел, Карденас раководеше со некои од најозогласените банди во турбулентното минато на Мексико и е обвинет за трансформирање на трговијата со дрога со прифаќање на хипер-насилни тактики, како што е обезглавувањето.

Карденас го основал Зетас, вооруженото крило на Заливскиот картел составен од поранешни припадници на воените специјални сили. Тој беше уапсен по престрелка во 2003 година и екстрадиран во САД во 2007 година. Беше осуден на 25 години затвор во 2010 година.

Зетас подоцна се раздвои и стана најсмртоносната криминална група во Мексико.

Цитирајќи неименуван американски функционер, американската новинска мрежа NBC објави дека администрацијата на Бајден планира да го екстрадира Карденас во Мексико во понеделник.

Карденас има нерешени обвиненија во Мексико и се наоѓа во притворен центар за мигранти во САД, изјави извор од мексиканската влада.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба