Еден од најкрвавите денови од протестите во Ирак, 28 загинати

Од:

Ирачките безбедносни сили застрелаа најмалку 28 демонстранти денеска, откако протестите прераснаа во немири.

Во градот Насирија, загинаа најмалку 24 лица, кога безбедносните сили отворија оган кон протестирачите кои го блокираа мостот во тој град. Медицински извори соопштуваат дека десетици лица се повредени.

Четворица демонстранти се убиени во Багдад, каде безбедносните сили отворија оган со гумени куршуми, но и со боева муниција против демонстрантите собрани близу мост на реката Тигар.

Ирачката војска соопшти дека формира воени „кризни единиците“, кои имаат задача да воспостават „безбедност и да го одржуваат редот“.

„По наредбата на врховниот командант на вооружените сили, премиерот Адел Абдел Махди, одредени воени команданти се назначени во овие единици за да ги насочуваат и контролираат сите безбедносни и воени сили и да им помагаат на гувернерите во нивната мисија“, се вели во соопштението од Војската.

Во меѓувреме, во градот Наџаф е воведен полициски час откако демонстрантите го запалија конзулатот на Иран.

Багдад и поголемиот дел од јужен Ирак, каде живее претежно шиитско население, од 1 октомври се зафатени од масовни протести. Демонстрантите ја обвинуваат Владата за корупција, незадоволни од лошите услуги на јавните служби и големата стапка на невработеност.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак