Во експлозија во близина на влез од метро станица во Стокхолм загина еден маж, а една жена е повредена, соопшти шведската полиција.
Засега не се познати причините за експлозијата на плоштадот во близина на станицата „Ворби горд“, во јужниот дел на шведскиот главен град. Мажот кој што загинал бил на возраст од 60 години, а повредената жена е на 45-годишна возраст.
– Според очевидци мажот подигнал од земја предмет кој експлодирал, се наведува во полициското соопштение.
Локалниот весник „Афтонбладет“ пишува дека предметот бил рачна бомба. Полицијата одби да ја потврди таа информација.