Еден ден пред повлекувањето на американските сили во напади во Ирак загинаа најмалку 48 лица

Од:

Во серија напади во Ирак вчера загинаа 48 лица, а десетици се ранети низ целата земја, во пресрет на првата годишнина од повлекувањето на американските сили од Ирак.

Во експлозија на автомобил-бомба во северниот дел на Багдад загинаа 11 луѓе, а повредени се најмалку 40, изјавија официјални лица.

Вооружени лица претходно нападнаа полициски контролен пункт на автопатот западно од Тикрит и еден полицаец е убиен, а три лица се повредени. Полициската патрола успеала да ги избрка напаѓачите, но тие го активирале експлозивот во автомобилот со кој дошле и убиле уште четворица полицајци , ранувајќи уште две лица, соопшти полицијата.

Во селото Ал-Буслаиби, северно од Багдад, активирана е бомба кога поминувала воена патрола, при што загинаа тројца, а во северниот ирачки град Мосул загина еден војник кога вооружени лица нападнаа воен пункт.

Автомобил-бомба во Казнах, село во близина на Мосул, населено со малцинството Сабак усмрти седум лица, а повредени се 12, додека во одвоен напад кога два автомобила-бомби експлодираа во близина на шиитско светилиште загинаа петмина, а повредени се 26 луѓе во градот Туз Хурмату.
Три бомби експлодираа на патот во близина на Бакуба, северно од Багдад, убивајќи едно, а повредени беа четири лица.

Во експлозија на бомба која беше фрлена на полициска патрола во Мадаин повредени се тројца полицајци и двајца цивили. Во градот Рутба во провинцијата Анбар, во серија од 10 минофрлачки напад убиени се две лица, а повредени девет, изјавија официјални лица. Автомобил-бомба во близина на Дуџаил, северно од Багдад, усмрти еден ирачанец, а рани најмалку 10 ирански аџии.
Додека насилството во Ирак опадна, откако достигна врв во 2006. и 2007 година, напади и денес секојдневно се врши во таа земја.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак