Еден човек загина во поплавите во Австралија

Од:

Еден човек го загуби животот во поплавите во Сиднеј, во недела на екстремни дождови што ја погодија источно-австралиската држава Нов Јужен Велс, соопшти полицијата.

Неидентификуван маж е пронајден заробен во неговиот автомобил во северозападниот дел на градот, се вели во полициското соопштение.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан изрази сочувство во Парламентот, веднаш по утринската прес-конференција на која рече дека фактот што досега немало смртни случаи во овие поплави е „едноставно чудо“.

Повеќе од 40.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради поројните дождови што предизвикаа поплави, а властите денеска наредија нови евакуации за жителите на западните региони на Сиднеј.

Според локалните медиуми, околу 24.000 жители низ целата земја денеска сè уште се под наредба за евакуација, а 60.000 се во готовност за евакуација поради екстремните дождови на истокот на земјата.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека хеликоптерите ќе бидат подготвени да пренесат храна до супермаркетите, каде што има прекин во снабдувањето.

Голем дел од брегот на државата Нов Јужен Велс, каде живеат приближно една третина од вкупното 25-милионско население во Австралија, беше погоден од рекордни врнежи од дожд во март.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он