Еден американски војник се води како исчезнат, додека тројца други се повредени денеска при уривање на воен хеликоптер на островот Окинава во Јапонија.
Во соопштението на Военото воздухопловство на САД се наведува дека хеликоптерот се користел за обука на воени пилоти и дека се уште се истражуваат причините за несреќата.
Јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера изјави дека три лица што се наоѓале во хеликоптерот биле спасени, а едно се води како исчезнато. Тој не даде информации за здравствената состојба на војниците.
Половина од околу 50.000 американски војници во Јапонија се наоѓаат на островот Окинава.