ЕЦДЦ: Државите да не вакцинираат деца, нема доволно вакцини за постарите

Од:

Земјите-членки на Европската унија, пред да почнат да ги вакцинираат адолесцентите против Ковид-19, треба да го земат во предвид глобалниот недостиг на вакцини, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

ЕЦДЦ апелира да се одложи вакцинирањето на младите во богатите држави и оти вакцинирањето на адолесцентите треба да биде приоритет само кога се во голем ризик.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела одобри имунизација на деца од 12 години со вакцината на Фајзер/Бионтек, а Европска комисија вчера ја одобри употреба на истата вакцина кај деца на возраст од 12 до 15 години.

ЕЦДЦ има советодавна улога во Европа за вакцинацијата, со која управуваат националните влади.

Според досегашните истражувања, поголемиот број од лицата под 20 години кои ќе се инфицираарт со Ковид-19 имаа мали симптоми, но ризиците се зголемуваат кај тие што имаат неуролошки или белодробни заболувања.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он