Ѕид во Помпеја се урна поради дождот

Од:

Римски ѕид во Помпеја во јужниот дел на Италија во близина на Неапол, се урна поради дождот, што е последен во серијата инциденти во античкиот град, кој е затрупан во ерупција на вулкан пред 2.000 години, соопштија денеска локалните археолози.

Дел од ѕидот долг околу два метри, беше дел од урнатините на една куќа. Во оваа област во изминативе неколку недели имаше поројни дождови, а и порано уривањето е доведувано во врска со лошите временски услови.

Областа е веќе затворена за јавноста затоа што се мислеше дека е ризична и предвидена е за реставрација во склоп на “Големиот помпејски проект” за кој ЕУ одвои 105 милиони евра.

Помпеја, која е затрупана со пепел од Везув во 79 п.н.е., е најдобро сочуван римски град во светот. Тој во 1997 година е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он