(ВИДЕО) Џулиан Асанж излезе од амбасадата на Еквадор – како холограм

Од:

Џулијан Асанж привремено го напушти својот азил во амбасадата на Еквадор, но само како холограм. Тој присуствуваше на конференцијата Нантикет Проект, која се одржа во САД.

На вчерашниот последен ден од конференцијата, холограмот на Асанж се појави на сцената и зборуваше за цензурата, контролата на центрите на моќ и манипулацијата со историјата.

Соговорник на Асанж беше филмскиот автор Еуџен Јарецки, со кого разговараа за важноста на истражувањето, слодбодниот пристап до информации и опасностите од цензурата.

-Како истражувач, многу сум свесен за она што луѓето го нарекуваат „Гугл слепило“, односно ако една информација не се појавила на Интернет – таа не постои, рече Асанж.

Тој не пропушти да ги нападне големите корпорации нарекувајќи ги блиски партнери на НСА и на американската влада.

Во дигиталниот свет, вели Асанж, луѓето можат многу лесно да ја поништат историјата.

Тој го парафразираше Орвел: Тој што ја контролира сегашноста, го контролира минатото. Тој што го контролира минатото, ја контролира и иднината“, рече Асанж

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА