Џорџ Флојд починал од задушување, покажала обдукцијата

Од:

Резултатите од обдукција извршена врз телото на Џорџ Флојд, а побарана од семејството, покажаа дека тој починал од задушување поради притисок врз неговиот грб и вратот затоа што полицаецот Дерек Шовин неколку минути клечел врз неговиот врат и ги игнорирал неговите повици за помош, изјавија адвокатите на семејството.

Лекарите кои извршиле обдукција на Афроамериканец, чија смрт за време на полициската операција во Минеаполис предизвика протести низ САД, соопштија дека станува збор за убиство.

Обдукцијата, исто така, покажала дека притисокот го прекинал протокот на крв во мозокот на Флојд, а тежината врз грбот го оневозможувала дишењето, додаваат американските медиуми.

Еден од докторите кои ја извршиле обдукцијата, на прес конференција изјави дека Флојд претходно немал здравствени проблеми што би придонеле за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Поранешен полицаец прогласен за виновен за помагање и поттикнување на убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Поранешниот полицаец Томас Лејн призна вина во случајот за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

Дерек Шовин ја обжали пресудата за убиството на Џорџ Флојд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Полицаецот кој го уби Џорџ Флојд доби 22 години затвор

Жарко Настоски

Обвинителството во Минесота побара 30 години затвор за поранешниот полицаец Дерек Шовин

Ана Ололовска

Американското Министерство за правда отвори истрага против полицијата во Минеаполис

Жарко Настоски