Џонсон суспендира 21 пратеник од неговата партија кои го поддржаа предлогот на опозицијата

Од:

Британскиот премиер и лидер на Конзервативната партија, Борис Џонсон, од партиските тела суспендираше 21 пратеник кои синоќа го поддржаа започнувањето на процедурата за спречување на Брегзит без договор, јави агенцијата Анадолија.

Претседателот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Берков, одобри итна расправа за блокада на Брегзит без договор која се одржа доцна синоќа. Со тоа опозицијата во земјата направи важен чекор да се спречи реализирање на Брегзит без договор на 31 октомври. За започнување на процедурите за спречување на Брегзит без договор гласаа 328 пратеници, додека 301 беа против. Синоќешното гласање даде можност опозицијата денеска во Парламентот да предложи нацрт-закон со кој би се забранил Брегзит без договор.

Резултатот од синоќешното гласање е првиот поголем пораз за актуелниот премиер Борис Џонсон во Парламентот, а тој поради тоа од клубот на пратеници на Конзервативната партија исклучи 21 пратеник кои го поддржаа предлогот на опозицијата.

Меѓу суспендираните конзервативци се и поранешните министри за финансии, Филип Хамонд и Кен Кларк, поранешниот министер за правда, Дејвид Гок и внукот на Винстон Черчил, лорд Николас Соамс.

Суспендираните за овој потег се информирани преку телефон.

Позицијата на Владата на Борис Џонсон е дополнително загрозена во британскиот Парламент. Минималното мнозинство во Парламентот, премиерот Џонсон го изгуби со вчерашното преминување на еден од пратениците во Либералната партија.

Џонсон најави можни предвремени избори во Велика Британија ако опозицијата успее во намерата законски да го забрани Брегзит без договор. Аналитичарите предвидуваат дека изборите би можеле да се одржат на 15 октомври, јави Анадолија.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот